За проектот

Проектот „Македонски анимиран филм 1971 – 1991 Помеѓу златна доба и заборав“ ќе се обиде да ја пополни празнината, да ја запознае денешната јавност, да им даде признание на пионерите и великаните.

Иван Ивановски

Иван Ивановски (1983, Скопје) работи скулптури, цртежи, инсталации, слики , видео, филм и анимација. Дипломирал на отсек вајарство на Ф.Л.У. Скопје, а студирал и на Академски програм за режија на Ф.А.М.У., Р. Чешка. Има реализирано 20 индивидуални (Скопје, Куманово, Гевгелија, Њујорк, Љубљана, Берлин…) и повеке групни изложби меѓу кои и – Биенале на млади уметници од светот (WEYA) , NewArt Exchange (Нотингем, Англија, 2012), Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот (Рим, Италија, 2011), Фестивал за визуелни уметности и независен филм 4 синхронизирани градови (Приштина, Амстердам, Сараево, Скопје, 2010), PROJECT(OR) ART FAIR – платформа за современи уметнички простори(Ротердам, 2007), IndependentDrawingGig (IDG) Vol. 2, Музеј на современа уметност, (Скопје, 2006) и многу други во земјава и странство.Автор е на скулптурите “Луѓе-птици“ во Градскиот парк. Неговите анимирани филмови се претставени на различни регионални и интернационални филмски фестивали. Во моментот работи на неговиот 5ти краток анимиран филм – Јадица. Во 2014 година е добитник на наградата за млад ликовен уметник “Денес“ која ја доделува Центарот за современи уметности од Скопје во соработка со Фондацијата за граѓанско опшество од Њујорк.

Слободан Јаќоски

Слободан Јаќоски (1984, Скопје) е филмски промотер и истражувач. Дипломирал на отсекот маркетинг на Економскиот факултет – Скопје на Универзитетот Кирил и Методиј, а магистрирал на Европскиот универзитет. Има реализирано пет филмски кампањи: Исцелител (2017), Бикини Мун (2017), Година на мајмунот (2018), Ej! (2018) и Врба (2019). Исто така има работено на промоцијата на наградуваната кампања за телевизиската серија На терапија (2017), како и на кампањата за Зоки Поки (2020). Работел и на промоција на филмските фестивали Киненова и ИФФК „Браќа Манаки“. Еден е од основачите на Википедија на македонски јазик, и ја претставувал земјата на повеќе вики-конференции.